Во Албанија се потврдени првите два случаја на инфекција со коронавирус. Станува збор за татко и син кои неодамна се вратиле од Италија. Министерството за здравство соопшти дека двајцата биле во стабилна состојба.
Околу 400.000 Албаници живеат и работат во Италија која е најпогодена европска земја со Ковид-19 вирусот што почна во Кина и се прошири низ светот.
Италија потврди дека околу 7.300 лица се инфицирани, а над 360 лица починале досега. Во северниот дел во карантин се наоѓаат речиси 16 милиони луѓе.