Поранешниот албански државен јавен обвинител Адриатик Лала, поднел барање за азил до турските власти, откако минатата недела се „засолни“ во оваа земја.
Неговото заминување во Турција беше соопштено на петочното заседание на колегиумот на Апелацискиот суд во Тирана, кога неприсуството го оправда со допис испратен од Турција дека нема да присуствува. Неговиот адвокат рече дека првпат слуша за тоа.
Поради огромното богатсво кое го стекнал како обвинител тој требаше да подлежи на проверка на неговата работа како обвинител и потеклото на имотот или на т.н. систем Ветинг. Тој се сомничи и за директна вмешаност во непокренувањето на обвиненија против голем број криминални групи во земјата.
Тој и членовите на неговото семејство пред неколку месеци, како „непожелни“ не добија американска виза.
Познатиот албански политичар и екс министер за одбрана и здравство, Сабит Бројак оценува дека овој чекор Лала го направил со цел да се „засолни и избегне истрага и судење“.
– Ова не е прв случај Турција да биде место каде наоѓаат спас лица од опкружувањата на Сали Бериша. Тоа го направија и поранешниот шеф на албанската тајна служба Башким Газидеде, потоа Агим Шеху и други. Премиерот Еди Рама требаше да го разреши Лала уште во првиот мандат на владата, смета Брокај.
Засега нема официјална реакција од надлежните органи, ниту потврда дека ќе се бара негова екстрадиција.