Поради зголемувањето на нивото на водата и поплавите, прогласена е вонредна состојба во седум општини во Србија, каде 500 домаќинства се под вода, оштетени се седум мостови, евакуирани се 48 лица, а едно лице е спасено.
Во моментов, најзагрозени се Осечина, Крупањ, Лозница, Љубовија, Мали Зворник, Косјериќ…
Поради обилните дождови, членовите на Секторот за вонредни состојби 24 часа ја следат состојбата, пружаат помош на населението и ги евакуираат граѓани во сите загрозени општини, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Специјални тимови за спасување, заедно со жандармеријата, вчера и денеска евакуираа 71 лице на територијата на општините Крупањ, Љубовија, Косјериќ и Лучани.
– Воведена е вонредна состојба во 12 локални самоуправи во Србија, како резултат на прелевање на реките заради обилните врнежи од дожд – изјави премиерката Ана Брнабиќ и додаде дека владата ќе стори сé за да ги санира последиците од поплавата и да им помогне на луѓето што е можно поскоро.
Во целото подрачје на Студеница, состојбата е критична заради прелевањето на реката која носи сè пред себе. Не е позната судбината на брачниот пар Богојевиќ, кој според последните информации останал заробен во нивниот дом, по излевањето на реката.
Според информациите на известувачот на РТС од местото на настанот, постарата брачна двојка Богојевиќ останале заробени во нивната куќа, а спасувачите не можеле да им пријдат.
Бидејќи не можеле да се спасат со чамец, пожарникар се спуштил од хеликоптерот до покривот на куќата за да ги пронајде. Тој останал во куќата околу десетина минути, ги барал на горниот и долниот дел од куќата, но не ги пронашол, јавуваат медиумите.