Обилни дождови предизвикаа големи поплави во Солун, при што десетици домови се поплавени, а двајца мотоциклисти беа заробени на поплавените улици, јавија грчките медиуми.
Противпожарната служба примила повеќе од 150 повици, а од 17 домови морало да се испумпува вода, пренесува „Катимерини“.
Во текот на синоќешното невреме пожарникарите евакуирале седум лица од поплавените домови во областа Ефкарпија.
Двајца возачи биле заробени од надојдените води, пришто едниот, наводно, избегал од поплавата, додека другиот побарал полициска интервенција.
Сообраќајот во Солун се одвива забавено, а регистрирани се и неколку незгоди поради лизгавиот коловоз.