Турската полиција во југоисточниот дел на оваа земја во шлепер пронајде и заплени еден тон марихуана, јавуви агенцијата „Анадолија“. Дрогата која била скриена во ПВЦ-цевки во шлеперот ја открило полициското куче трагач Маја.
Возачот на камионот е уапсен, а истрагата за случајот е во тек.