Црногорската полиција ги уапсила градоначалникот на Будва, Марко Царевиќ, и претседателот на општинското собрание, Крсто Радовиќ, пред општинаката зграда.
На оваа акција претходел обид на полициски кордон да обезбеди влез на Управната инспекција во просториите на општина Будва, која требало да овозможи услови да почнат со работа привремените наследници на градоначалникот и претседателот на Советот, пренесуваат регионалните медиуми.
Поради оваа акција утрово во Будва е тензично, собрани се поголем број граѓани, а градскиот булевар е блокиран. Градот е под целосна полициска опсада, пренесуваат медиумите.
Пред акцијата за апсење бројни полициски сили биле распоредени околу општинската зграда во која претходната ноќ останале уапсените први луѓе Царевиќ и Радовиќ, на кои неодамна им била изгласна недоворба од локалниот собраниски состав на Будва.
Покрај овие двајца уапсен е и секретарот за инвестиции Младен Микијел. Според медиумите, лишени од слобода се и синот и братот на Марко Царевиќ.
При акцијата се искршени прозорци на општинската зграда, а полицијата употребила и хемиски средства.
Дестина комбиња полни со полициски службеници се пристигнати во Будва каде од рано утрово општинските функционери и граѓани ги имаат запоседнато просториите.
Како што пренесуваат медиумите, овој наплив на насилство е израз на нетпреливоста помеѓу властите во Подгорица и претставниците на Србите, која сега се префрла и на локално поле.
Според неофицијачни сознанија на српските медиуми, скриена причина за апсењето на градоначалникот на Будва наводно е неговата поддршка на литиите кои Српската црква ги организира против Законот за вероисповед во Црна Гора.
‼️ПОГЛЕДАЈТЕ ТЕРОР МИЛОВЕ УНИФОРМИСАНЕ БАНДЕ У БУДВИ‼️
Posted by Marko Milačić – Prava Crna Gora on Вторник, 16 јуни 2020