По силните земјотреси што ја уништија Петриња во понеделникот и вторникот, сите расположливи служби се на терен – помагаат армијата, полицијата, пожарникарите, екипите на брзата помош.
Од пожарникарската станица пристигна вест дека била спроведена интервенција во која, за среќа, е спасен млад живот.
– Ајде да одиме повторно … Петриња ден трети. Поразен е само оној што ќе се откаже … Од оваа канцеларија извлековме жива девојка која беше покриена со цигли и бетон, и посакуваме многу среќа и брзо закрепнување! Ви благодарам многу за пораките за поддршка“, објави Јавната противпожарна станица на Град Новска на Фејсбук.
– Девојката ја спасивме во вторникот околу 17.30 часот, таа остана заробена во Градската администрација во Петриња. Пребројувајќи ги луѓето, откриле дека недостасува некој, и просторијата во која останала жената, па како најдобро да се опише – колку е голема вратата, толку тули има – сè беше затрупано. Не знам во каква состојба е во моментот, имаме полни раце работа – изјави директорот и командант Златко Пјеш за „Јутарњи лист“.
Вработената останала сама во просторијата на вториот кат.
„Кога почнало да се тресе, некако успеала да се заштити со канцелариска фотелја и тоа ја спаси. Исто така ја надушкааа кучиња, некако успеавме да комуницираме со неа. Тогаш започна потешкиот дел, копањето, за да ја спасиме“, рече Пјеш.