Десет лица загинаа, а десетици се повредени откако автобус со косовски регистерски таблички излетал од патот во тешка сообраќајна несреќа која се случила утринава во близина на Славонски Брод, Хрватска, објавија хрватските медиуми.
Првично беше соопштено дека автобусот бил со македонски регистерски таблички, но полицијата подоцна ја коригираше информацијата, наведувајќи дека регистрацијата била косовска.
Полицијата добила дојава за несреќата околу 6.20 часот. Патниот правец бил затворен за време на увидот.