Хрватскиот „Вечерњи лист“ објави дека пејачот Мирослав Шкоро неделава официјално ќе ја објави својата кандидатура за претседател на Хрватска.
Шкоро засега планира да биде независен кандидат, но не ја исклучува можноста за разговор со различни политички опции.
„Вечерњи лист“ тврди дека Шкоро ќе ја финансира кампањата со свои пари. Прва соработничка во изборниот тим ќе му биде неговата сестра Весна Вучемиловиќ.