Претседателот на Словенија, Борут Пахор на Конференција на Јадранскиот парламент изјави дека земјите од Западен Балкан треба да работат на тоа да станат поатрактивни за Европска унија.
– Аргументот дека ЕУ мора да се прошири на Западен Балкан бидејќи регионот во спротивно ќе стане закана за ЕУ не е добар. Спротивно. Ако заедно обезбедиме тие земји да станат поатрактивни за ЕУ, тоа ќе ги подобри шансите ЕУ искрено да сака да се прошири на овој дел од Европа, посочи Пахор.
Тој додаде дека земјите-членки на ЕУ се резервирани за проширувањето бидејќи европскиот блок прво мора да ги реши некои свои внатрешни проблеми.
– Иако се чини дека Брисел е повеќе заинтересиран за проширувањето отколку претходно, преземени се само технократски чекори во тој правец, истакна Пахор.
Тој додаде оти може тоа да го разбере бидејќи Европска Комисија се занимаваше со многу други прашања.
– Поради тоа мирот, безбедноста, помирувањето и просперитетот на регионот ќе зависат од мудроста на лидерите на земјите од регионот, истакна Пахор.