Загреб – Претседателот на лекарската комора на Хрватска, Крешимир Луетиќ, изјави дека ситуацијата со ковид-19 во земјата е сериозна и дека државата ќе почне да ги мобилизира пензионираните доктори. Пензионираните лекари би требало да работат со другите пациенти, не оние заразени со ковид-19. Тој додаде дека тие нема да бидат во „првите борбени редови“, затоа што се во ризична група, но дека треба да се заменат лекарите што поради самоизолација испаѓаат од системот и треба да бидат заменети да работат со пациенти што немаат ковид-19.
Подгорица – Мандатарот за состав на новата црногорска влада, Здравко Кривокапиќ, им порача на лидерите на Демократскиот фронт дека не ги сака во неговата влада, поради што тие го повикаа да го врати мандатот, јавија црногорските медиуми. Кривокапиќ на парламентарните избори беше носител на листата „За иднината на Црна Гора“, чиј столб беше Демократскиот фронт (ДФ).