Љубљана – Служењето воен рок во Словенија може веќе во септември да стане реалност, Словенечкото собрание денеска ќе расправа за повторното воведување на воениот рок, што во ново законско решение веќе го преточи СДС (Словенечка демократска партија). Словенечките медиуми коментираат дека тоа што пред само неколку месеци изгледаше како научна фантастика, сега може да стане реалност уште во септември, а причината е формирањето нова влада на чие чело ќе биде Јанез Јанша, кој е силен поддржувач на оваа идеја. (МИА)
Тирана – За време на протестот, освен многуте албански знамиња можеше да се видат и американски.
Во врска со протестот што го организираше претседателот Илир Мета, реагираше американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, особено за веењето американски знамиња.Албанскиот претседател Илир Мета развеа американско знаме велејќи „Албанија е прва, втора е Америка. Правам нешто за Америка“.
– Бев изненадена кога видов американски знамиња. За да биде јасно и да се избегнат недоразбирања, САД поддржуваат мирни протести, но немаат никаква врска со организирањето на овој настан – напиша американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким. („Ора њуз“)
Бисер балкански
Харадинај лажеше
– Сега немаше да имате визен режим ако Харадинај ги стопираше таксите… Но тој не го разбира тоа. Тие ќе беа без виза повеќе од една година. Рамуш го жртвуваше Косово за своите гласови. Сепак, тој не победи на изборите. Што направи Рамуш Харадинај со Косово освен што ги наметна таксите? Јас крајно го почитував премиерот Рамуш Харадинај. Сепак, тој многу ја излажа јавноста. Ја донесе најштетната одлука за Косово – изјави Еди Рама, премиерот на Албанија, кој во интервју за телевизија рече дека поради Харадинај „Косово го загуби меѓународниот углед“.