Софија – Бугарскиот претседател Румен Радев одговори на повиците за дијалог што претходно ги упати Цвета Карајанчева, претседателката на парламентот во Софија, каде што во изминатите десетина дена секојдневно се одржуваат протести за оставка на владата на Бојко Борисов и на главниот обвинител Иван Гешев.
– Требаше да водат дијалог со народот кога беше време. Сега е доцна за дијалог. Народот веќе не ги сака – изјави Радев, кој најави продолжување на протестите додека не падне владата на Бојко Борисов. („360 степени“)

Приштина – Косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека нема да има поделба на Косово и дека територијалниот интегритет е тема што е тргната од дневниот ред и никој повеќе не ја споменува.
– По нарушените односи со ЕУ и со САД, сега имаме поддршка од сите за целта на дијалогот, а тоа е заемно признавање и нормализирање на односите. За еден месец ја отстранивме темата за каква било расправа за територијалниот интегритет на Косово од секоја дискусија, која никој веќе не се споменува – рече косовскиот премиер. („Косово онлајн“)


Бисер балкански

Партии паразити

– Кој ќе биде дел од владејачката коалиција ќе се знае по разговорите со претседателот Вучиќ со сите партии што освоија мандати. Лично сметам дека на грбот на Вучиќ и СНС многу други партии и партиички со години само паразитизираа. Неколкупати ги прозивав, зошто не сакаат да се појават пред граѓаните и да проверат колку имаат поддршка, а толку години се на власт. Тогаш најчесно би било да се зачленат во СНС. И така, СНС ја носи одговорноста за сите нив. Па кога е така, господа, повелете зачленете се во СНС. Но знам дека Вучиќ се водел од интересите на земјата, а тоа е соборање поголем број партии околу заедничката цел, а не на нашиот партиски интерес – рече Зорана Михајловиќ, потпретседателка на Владата на Србија, за разговорите за формирање на коалициска влада на Србија, по освојувањето доволен број пратеници на СНС за самостојно составување влада.