– За какво било проектирање на нашата иднина, мораме да го разбереме минатото. Недостигот од нови идеи и решенија нѐ прави да бидеме догматичари, а со тоа стануваме неспособни целосно да ја согледаме нашата реалност. Националистичкиот патриотизам нема да ѝ помогне на БиХ, и наспроти добрите намери понекогаш. Човековите вредности мора да бидат над „идентитетот“. Да се признае другиот значи да се признае неговата претстава за себе. Секогаш да се обвинува другиот за сопствената состојба, значи дека не ја прифаќаме потребата за сопствено преиспитување. Далеку сме од секаква самокритика – изјави Енес Дурмишевиќ, професор по историја на државата и правото на Правникот факултет на Универзитетот во Сараево, во разговор за Ал џезира, во кој зборува за лошата кадровска политика, која е една од причините зошто земјата не може да тргне напред.
Тој верува дека со доаѓањето на компетентни луѓе, сите ригидни националистички политики може да бидат отфрлени.


Приштина – Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека повеќе нема да се кандидира за претседател и ќе го напушти јавниот живот.
– За неколку месеци, конечно ќе го напуштам институционалниот живот. Нема да се кандидирам за претседател, ниту пак ќе се вратам на патот по кој тргнав. Нема да се вратам на институционална позиција, во парламентот или владата. Јас ќе бидам Хашим Тачи, без институционални функции – рече Тачи. („Локално“)

Подгорица – Премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, вчера објави дека тој и претседателот на државата Мило Ѓукановиќ неодамна му предложиле на црногорско-приморскиот митрополит на Српската православна црква, Амфилохиј, да запре примената на Законот за слобода на вероисповед сè додека Уставниот суд и Европскиот суд за човекови права не се изјаснат за законот. Тие предложиле и продолжување на дијалогот, но, како што кажал Марковиќ, митрополитот повикал на продолжување на литиите. (РТЦГ)