Атина – Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го потресе Медитеранот. Потресот се случи југоисточно од грчките острови Крит и Карпатос. Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот е 127 километри југоисточно од Карпатос.
Земјотресот беше почувствуван и во Турција, Кипар и Египет. Нема информации за повредени или за евентуална штета. („Независен“)

Љубљана – Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.669 нови случаи на коронавирус, со рекордни 31,9 процент позитивни тестови. Премиерот Јанез Јанша рече дека ако продолжат негативните трендови, општеството и економските активности ќе треба да се затворат.
Причината за повторното ширење на инфекцијата ја гледа во малиот опфат на вакцинација, но и јавните собири и протести. Јанша предупреди дека ширењето на епидемијата во Словенија во последните неколку дена е најбрзо во Европа. (СТА)

Софија – Здравствените власти во Бугарија соопштија дека се регистрирани 4.979 новозаразени со ковид-19, во последните 24 часа, што е највисока дневна бројка забележана од март. Регистрирани се и 214 почнати лица од ковид во изминатото деноноќие. Од почетокот на пандемијата, како последица на ковид починале 22.488 лица. Според бугарските власти, 84 проценти од новозаразените не биле вакцинирани, а 94 проценти од тие што починале не примиле вакцина. („24 часа“)


Бисер балкански

„Напредокот“ на ЕУ

Во извештајот на Европската комисија за периодот од јуни 2020 година до јуни 2021 година се наведува напредокот на Србија во усогласувањето со критериумите на ЕУ, особено во областа на претпазливоста и енергетската политика.
– Европската комисија препорача дека се исполнети преодните критериуми за овие поглавја и тие треба да бидат отворени – стои во текстот на извештајот за Србија.
Отворањето две поглавја за Србија се случува по двегодишен застој во процесот на приближување кон ЕУ, кој се должеше на неподготвеноста на Брисел за проширувањето на ЕУ, а овој чекор од српските политички аналитичари се оценува како добар „напредок на ЕУ“ во однос на политиката кон земјите од Западен Балкан.