Загреб – Експертите на Градежниот факултет во Загреб изработија процена на штетите од последниот земјотрес што го погоди главниот град на Хрватска. Според нецелосните пресметки, штета ќе претрпат 8.126 граѓани, во вкупна вредност од 1,7 милијарда евра. Овие пресметки се направени врз основа на претпоставената вредност на објектите, процените и искуството на експертите, кои препорачуваат на целосна анализа на последиците од земјотресот. („Вијести“)

Атина – Високиот суд на Грција ги одби жалбите со барање за укинување на забраната за верските служби за време на велигденските празници. Неколку верски организации, кои не се поврзани со Грчката православна црква, ја оспорија забраната за собирање, велејќи дека тоа е неуставно. Во Грција досега починаа 81 лице, а ограничувањата сè уште се во сила. Напорите на Владата би можеле да пропаднат доколку Грците ги не ги почитуваат мерките за време на велигденските празници. („Макфакс“)

Подгорица – Црногорската полиција уапси лице под сомнение дека сторило кривично дело „неовластено собирање и употреба на лични информации“. Лицето М.Р., како службено лице задолжено за податоци за пациенти со ковид-19, преку апликацијата Вибер им ги доставувало овие информации на други лица. Според црногорски медиуми, М.Р. бил вработен во Здравствениот дом во Подгорица. (РТЦГ)


Бисер балкански

Жртва на здравствениот систем

– Ми рекоа дека немаат заштитна опрема и затоа не можат да земат брис, а немаат ни брисеви. Им реков дека некој треба да дојде, или од домот за здравје или од итна помош. Ми рекоа да повикам итна. Оттаму ми рекоа да се јавам на матичен доктор. Тие ми велат дека не можат да дојдат бидејќи немаат заштитна опрема.

Мојот маж го уби здравствениот систем, а не короната. Што можат да очекуваат пензионерите и работниците, кога е таков односот кон ценет и познат лекар и епидемиолог – го објаснува Елна Пашагиќ своето патешествие низ здравствениот систем на Босна и Херцеговина, чиј сопруг почина како последица на коронавирусот.
Шефик Пашагиќ, познат експерт од БиХ, кој почина по агонијата што траеше 14 дена. Тој беше член на Светската здравствена организација за Југоисточна Европа и член на Епидемиолошката комора на САД и на БиХ. Во БиХ досега умреа 32 лица од заразата.