Бисер балкански
– Ќе го поддржам домашниот туризам на штета на Грците, кои не мразат од дното на душата и подготвени се да нѐ измамат и повеќе од тоа – рече Христо Мутафчиев, претседател на бугарскиот Сојуз на уметниците, кој ги критикуваше своите сонародници што заминуваат на одмор во Грците.
Мутафчиев се залага за поддршка на домашниот туризам и ги критикуваше Бугарите што отпатувале во Грција, кои одат на одмор, најверојатно, од парите што им ги даде државата како финансиска помош за да ги пребродат последиците од кризата предизвикана од епидемијата. Тој е огорчен што во Бугарија се рекламира Грција. Во изминатиот ден бугарско-грчка граница ја поминале повеќе од 15.000 лица.
Белград – Србија ги одби испорачаните барања од Косово како неприфатливи, пред да се обноват преговорите на релацијата Белград – Приштина, закажани за 27 јули во Вашингтон.
– Сите пет барања се неприфатливи за Србија. Ако е тоа платформата со која Хоти или Тачи ќе дојдат на преговорите, подобро да не доаѓаат – е одговорот на Алесандар Вучиќ, претседателот на Србија, кој додаде дека со закани и уценувања не може да ѝ наштети на неговата земја. (РТС)
Љубљана – Заводот за вработување на Словенија за само една недела на 650 лица што ја изгубија работата поради епидемијата на коронавирусот им исплати финансиски кризен додаток од 514 евра. За помошта досега аплицира 1.930 лица, а прифатени биле над 80 отсто, информираат од заводот. (МИА)
Подгорица – Претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ отворено им порача на следбениците на Српската православна црка дека ќе бидат поразени на парламентарните избори.
– Денеска кога СПЦ одлучи да ги симне ракавиците и наместо од позиција на црква да разговара од позиција на политички субјект, тие се обидоа да манипулираат со верските чувства на луѓето и да ги остварат своите цели за смена на власта. Имаме јасна задача да ги победиме на изборите – нагласи Ѓукановиќ. (РТЦГ)