Осум лица загинаа денеска во пожар што избувна на оддел за интензивна нега за лекување на пациенти со ковид-19, во приватна болница на југот од Турција.
Новинската агенција „Анадолија“ објави дека пожарот избувнал кога експлодирало шише со кислород во одделот за интензивна нега во приватната универзитетска болница „Санко“ во Газиантеп.
Агенцијата наведува дека жртвите биле на возраст од 56 до 85 години, како и дека 14 пациенти биле префрлени во други болници, пренесува АП.
Пожарот брзо бил ставен под контрола, а истрагата за овој случај е во тек.
Властите велат дека во одделенијата за интензивна нега во Турција, поради пандемијата, пополнети се 74 проценти од капацитетите, но здруженијата на лекари тврдат дека болниците се веќе полни.
Досега во Турција регистирирани се 1,98 милион заразени, а починале 17.610 заболени од ковид-19.