Изненадувачки силна бура дува денеска на широкотo подрачје на Сплит, каде орканските удари на ветрот достигнуваат брзина од 122 километри на час. Во Подвелебитскиот канал брзината на ветровите е 150 километри на час, соопшти хидрометеоролошката станица Марјан.
Бурата крши гранки и корне од корен цели стебла.
Урнати стебла има во Каштел Сучурац, на Марај, а поради бурата откорнат е кров на автобуска станица.
Поради орканските удари на ветрот и грмотевиците проблеми има и во воздушниот сообраќај.