Европската Унија да биде вклучена во дијалогот, побара Дритан Абазовиќ, лидер на црногорското граѓанско движење УРА, како одговор на премиерот Душко Марковиќ, кој испрати поканата за дијалог до сите политички актери и до граѓанскиот сектор поради длабоката политичка, економска, но и верска криза во Црна Гора, пренесува „Вечерње новости“.
– Владата на Марковиќ нема легитимитет ниту кредибилитет да води сериозен дијалог и, како што веќе му предложивме на еврокомесарот Оливер Вархеи, тоа треба да биде Европската Унија. Но не е проблем во директен разговор со Марковиќ и со другите актери од јавната сфера, на ТВ, на тркалезна маса или на некој панел, да го повториме тоа – изјави Абазовиќ.
За Демократскиот фронт и за Демократска Црна Гора, дијалогот со Марковиќ не е опција, додека од Обединета Црна Гора истакнуваат дека се расположени за разговор, но под еден услов.
– Прво мора да престане речиси јавната полициска тортура. Мора да престане сеењето страв. Мора да се докаже дека Владата не ја води лидерот на ДПС – вели Горан Даниловиќ, пратеник на Обединета Црна Гора.