Со започнувањето на примената на регионалниот договор за роаминг, граѓаните на Западен Балкан од 1 јули ќе можат да телефонираат во роаминг по пониски цени за речиси 30 отсто.
Цените во првата фаза ќе бидат намалени за 27 отсто, додека на 1 јули 2021 година се очекува целосно укинување на роамингот за регионот, што е предвидено со договорот потпишан во април.