Уште еден од осумтемина турски војници, кои со хеликоптер пребегаа во Грција во ноќата кога беше извршен неуспешниот обид за преврат во Турција во јули 2016 година, доби азил.
Грчката второстепената Комисија за азил одговори позитивно на барањето на уште еден од осумтемина турски војници, кои со хеликоптер пребегаа во Грција во ноќата кога беше извршен неуспешниот обид за преврат во Турција во јули 2016 година.
Тој е втор од осумтемина воени офицери чие барање за азил е одобрено од Грчката второстепената Комисија за азил, а истата одлука веројатно ќе биде донесена и за останатите шестмина војници.
Првиот од војниците кој доби азал, кој бил копилот на хеликоптерот, веќе е ослободен од притвор, но е сместен на тајна локација под силно полициско обезбедување.
Анкара ги обвинува офицерите за учество во неуспешниот обид за пуч и и бара нивна екстрадиција во Турција.
Врховниот суд во Атина на 26 јануари минатата година, одлучи осумтемина турски војници да не бидат екстрадирани во Турција, по што тие поднесоа барања за азил.