Полициската управа во Подгорица соопшти дека не е точно дека во вилата на претседателот Мило Ѓукановиќ „Горица“ одекнала експлозија, како што претходно објавија медиумите.
„Станува збор за помал електричен дефект, кој брзо е отстранет. Експлозија немаше како што пренесоа некои медиуми со цел да се создаде паника“, наведува полицијата.
Претходно весникот „Вечерње новости“ објави дека во вилата „Горица“, која Ѓукановиќ и Владата ја користат за прием на високи гости и странски делегации одекнала експлозија и дека безбедносните структури на Црна Гора се сомневаат во обид за диверзија.