Нов земјотрес ја погоди Хрватска, а потоа следуваше и друг, јавуваат хрватските медиуми.
Земјотресот, кој бил со послаб интензитет, се случил околу 13:45 часот, во централниот дел на Хрватска.
Според ЕМСЦ, земјотресот бил со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала со епицентар на 25 километри југозападно од Сисак.
Хрватските граѓани во изјави за тамошните медиуми велат дека го почувствувале земјотресот во Загреб, Сисак.
Набргу по првиот, Хрватска ја погоди уште еден, посилен земјотрес. Тој бил со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала, пренесува ЕМСЦ.