Нов земјотрес со јачина од 4,2 степени e регистриран во Албанија, а потресот се почувствувал и во Црна Гора, пренесе агенцијата „Танјуг“.
Земјотресот бил регистриран од страна на Сеизмолошкиот институт на Црна Гора во текот на ноќта, а епицентарот бил 18 километри јужно од Медова.
Потресот бил со среден интензитет, а епицентарот е регистриран на длабочина од осум километри, јавија црногорските медиуми.
Земјотрес од оваа јачина може да предизвика само мала материјална штета во епицентралното подрачје, велат експертите.