Хрватска

Хрватските власти наредија да се повлечат неколку производи од штандовите во продавниците, бидејќи производите не се во согласност со уредбата на Европската Унија за максималното ниво од остатоци на пестициди.
Станува збор за францускиот сладолед „метро шев“ со вкус на чоколадо и неколку производи од цимет од марката „целон“. Државниот пазарен инспекторат соопшти дека од продажба се повлекуваат двата производа поради утврдено присуство на 2-хлор етанол во нив.
Инаку, ова не се единствените производи што се повлечени од продажба поради неисполнување на препораките на ЕУ за максимално ниво на остатоци од пестициди во храната. Досега во Хрватска само во изминатите неколку месеци беа повлечени од продажба неколку производи, меѓу кои и зачините со куркума.