Турција

Силно невреме ја зафати Турција, во кое животот го загубија шест, а 44 лица се повредени во Истанбул, Зонгулдак и во Коџаели. Силниот ветер и бурата го парализираа животот во регионот на Мармара. Според извештаите, летале покривите од куќите и зградите, се корнеле дрвја од силниот ветер, кој оштетил стотици автомобили. ТРТ објавува дека само во Истанбул ветерот откорнал 33 покриви, 192 дрвја, соборил 52 семафори и сообраќајни знаци и оштетил 12 автомобили.
Невремето во Истанбул го парализира јавниот транспорт. Се откажаа брзите фериботи и поморски автобуси, а затворени за работа се и линиите на жичниците.
Меѓу мртвите има една мајка што била излезена со своето дете и биле поклопени од покривна конструкција. Жената починала откако се обидела да го заштити детето од покривот, а детето е извадено и пренесено во болница. Во друга несреќа, маж загинал додека се обидувал да го стегне покривот на својата куќа.
Генералниот директорат за метеорологија на Турција, стави во портокалова зона 17 града, додека, пак, 35 града во жолта зона. Наставата со физичко присуство вчера беше прекината во градовите Истанбул, Бурса, Коџаели, Чанаккале, Сакарија, Текирдаг, Баликесир, Јалова, Синоп, Дузче и Бартин.