На евиденцијата за невработени во Заводот за вработување на Црна Гора се наоѓаат 5.600 лица со факултетски дипломи, од нив 14 се доктори на наукa, а 231 се магистри. Во споредба со ланската година бројот на необработени е намален за 22,3 отсто. Од вкупниот број високообразoвани невработени лица над 37 отсто чекаат работа подолго од една година.
Најкратко за работа чекаат лицата со стекнати дипломи од областа на информатиката и статистиката, од фармацијата, градежништвото, како и дипломираните електроенергетичари и архитекти.
– На пазарот на трудот, последните 12 месеци биле објавени огласи за 757 високошколски занимања. Најчесто тоа биле за воспитувачи и наставници, економисти, правници, менаџери и организатори, угостители и туристички работници – вели Горан Бубања, заменик-директор во Заводот за вработување на Црна Гора.
Владата на Црна Гора усвои закон за стручно оспособување, а преку овие програми поминале 20.000 дипломци. Од нив половината не добиле работа во струката за која се образовале.