Најмалку 38 лица загинаа во две лавини во источна Турција, 50 се повредени, а се стравува дека бројот на загинатите ќе расте, бидејќи има исчезнати.

Првата лавина затрупала возило за расчистување снег и минибус при што загинале пет лица, додека две останале под снегот.

 

Преживеале возачот на возилото за чистење и седум патници во минибусот.

Околу 300 луѓе заминале во потрага по затрупаните, а во тој момент почнала друга лавина, при што загинале 33 спасувачи. Голем дел од нив останале затрупани под снегот и сега во тек е потрагата по нив, пренесе „Асошиејтед прес“.

Градоначалникот на Бахчесарај, Мехмет Емин Билмез, изјави дека се трага по преостанатите спасувачи.