Стапката на невработеност во Турција падна на едноцифрен број во април, објави денеска Турскиот институт за статистика.
Стапката на невработеност во април изнесувала 9,6 отсто, што претставува годишен пад од 0,9 процентни поени. Во март 2018 година, невработеноста изнесуваше 10,1 отсто.
Ова е прв пад на стапката на невработеноста во Турција на едноцифрен број од мај 2016 година.
Во последниве години, највисоката пријавена стапка на невработеност изнесуваше 13 проценти – во јануари 2017 година, а најниската – од 8,1 процент беше регистрирана во јуни 2013 година.
Податоците покажуваат дека стапката на невработеност во април, земајќи ги предвид сезонските фактори, изнесуваше 10,3 отсто, со раст од 0,4 процентни поени.
Бројот на невработени на возраст над 15 години е намален за 201.000 на годишна основа. Во април изнесувала 3,09 милиони луѓе.