Над 30 лица се повредени при експлозија во кафуле во Урошевац во Косово, јавуваат приштинските медиуми. Меѓу повредените има и две деца, а четири лица се во тешка здравствена состојба. Според првичните информации, можно е боца со гас да ја предизвикала експлозијата.
22-ца повредени во експлозијата се згрижени во локалната болница, а осуммина се пренесени во клиничкиот центар во Приштина поради сериозноста на повредите.Четири лица имаат сериозни изгореници и се во животна опасност.