Албанската Национална агенција за храна во пристанишниот град Драч, блокираше 27 тони пилешко месо.
Од месото, кое е потекло од Бразил, веднаш по пристигнувањето земени се мостри и од анализата било утврдено големо присуство на салмонела.
Контејнерот во кој било сместено месото бил вратен во земјата на потекло.
Во изминатиот перидот од годинава Агенцијата блокираше и врати назад седум контејнери или вкупно 180 тони месо.
Од Бразил годинава во Албанија увезени се 259 контејнери со месо и сите се контролирани и анализирани.
Бразил е главен извор на месо од живина и свинско месо за албанските увозници.