Шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ на состанокот во Хелсинки на партнерите од Западен Балкан им изразија силна поддршка и свест за стратешкото значење на доследноста на Унијата во процесот на проширувањето, оцени Федерика Могерини.
Високата претставничка за надворешна политика во заминување рекла дека не е до неа да каже дали за тоа имало едногласност, бидејќи состанокот бил неформален и зад затворени врати.
Таа нагласи дека приемот во ЕУ на земјите од регионот им е многу важен, но, како што рече, се заборава колку тоа е важно и за самата ЕУ, за обединување на континентот.
Таа ја истакна важноста дека за процесот на проширување пресудно за секоја земја од регионот е да ја зајакне правната држава и слободата на изразување, како и регионалната соработка.