Поранешниот шеф на албанската дипломатија и универизтетски професор, Паскал Миљо коментирајќи ја изјвата на изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи за корекција на границите,оценувајќи при тоа дека тоа е дел добро елаборирана стратегија и тест на јавноста,пред да ги почнат разговорите за договорот меѓу Косово и Србија
Тој вели дека се согласува со изјавата на Тачи, но се прашува која ќе биде отстапката што ќе ја направи Косово,оценувајќи ја при тоа поделбата на Митровица како опасна.
-Мое мислење е дека не случајно тој дава вакви изјави сега, веднаш по средбата со Вучиќ во Брисел. Претставува и посебно деликатен момент, по претходните српски изјави и претензии дека косовската страна треба да го определи статусот на Заедницата на српски општини на Косово- изјави Миљо.
Додава дека следната година е многу значајна за албанско-српските односи, која се очекува да заврши со договор.
– Треба да се направи тест на албанското јавно мислење, во овој случај за Косово, но и пошироко, за сите Албанци во регионот, а зошто да не и на разните меѓународните фактори. Не верувам дека Тачи не размислувал длабоко во врска со изјавата што тој неколку пати ја повтори деновиве. Тоа е дел од неговата потсвест со политичкиот дијалог со Вучиќ – вели поранешниот министер за надворешни работи.
Миљо посочува дека Албанците го поздравуваат обединувањето на Прешево со Косово, но тој има дилема.
-Како е можно Србите да се откажат од Медвеѓа, Бујановац и другите места населени со Албанци во јужна Србија без отстапка од косовска страна на територијата на Косово?-се прашува Миљо.
Тој вели дека се согласува со Тачи кој бара историски договор со Србија, но има предупредување.
-Тоа нема да биде толку едноставно, затоа мислам дека Тачи не може да стапне на скапана штица и не може да дава предлози и изјави за кои претходно добро не размислил. Мислам дека тие се дел од добро елаборирана стратегија, но која се наоѓа во почетна фаза на тестирање на јавното мислење, да ги види реакциите и да ги корегира можните ставови -смета поранешениот шеф на албанската дипломатија,Паскал Миљо.