Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, го пречека претседателот на ХДЗ, Андреја Пленковиќ, со испружена рака денес во Пантовчак, а премиерот, како што пренесуваат хрватските медиуми, му возврати со лакотот поради епидемиолошките мерки.
– Не смееме? – Милановиќ го праша Пленковиќ.
– Ти велиш дека е кариес, јас велам дека не смееме – му рече Пленковиќ шегувајќи се.
https://www.facebook.com/watch/?ref=external&v=279257939846197
Пленковиќ му донесе на Милановиќ потписи од 76 новоизбрани пратеници во хрватскиот парламент, кои ќе го сочинуваат парламентарното мнозинство.
Врз основа на тие потписи Милановиќ ќе му даде на Пленковиќ мандат да формира нова влада.