По вчерашните инциденти во и околу прифатниот центар за мигрантите „Мирал“ во Велика Кладуша, немирите продолжија и во текот на ноќта и рано наутро.
Мигранти со потекло од Пакистан го зазедоа мигрантскиот центар, поставија стражари околу кампот и го спречија влезот на мигранти со потекло од Алжир и Мароко.
Причина за ваквото нивно однесување, според изјавата на еден од мигрантите од центаро, е да го спречат влегувањето на оние кои консумираат алкохол и се занимаваат со криминални дејства, пренесува радио Велкатон.
Рано утрово, околу 5,30 часот, тие тргнаа во потера низ градот, во потрага по одметнатите мигранти кои ги приведоа и бараат да ја напуштат Велика Кладуша и да се упатат кон Бихаќ.
Полициските службеници кои се на паркингот на споменатиот град, поради несоодветниот број на вработени, само го набљудуваат развојот на настаните, со надеж дека нема да дојде до конфликт меѓу мигрантите и локалното население кое утрото го дочека плашејќи се за сопствената безбедност.