Албанскиот претседател, Илир Мета, ги презакажа локалните избори кои требаше да се одржат на 30 јуни, за 13 октомври. Одлуката на Мета следи по најавата на опозицијата за бојкот на изборниот процес.
Но и покрај тоа, премиерот Еди Рама инсистира изборите да се одржат в недела според првичниот план.
– Триести јуни е единствениот датум за избори – напиша Рама по објавата на Мета за новиот датум во октомври.
Мета пред да го објави новиот датум оствари средба со лидерот на опозицијата Љуљзим Баша, со претставниците на помалите десничарски партии и дел од амбасадорите од земјите земјите членки на ЕУ, пренесуваат албанските медиуми.
Тој исто така побарал средба и со премиерот Еди Рама на што добил одговор дека премиерот е зафатен со изборни активности и нема време за состаноци.