Aлбанскиот претседател, Илир Мета, во Тирана се сретна со генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, при што испратил официјално писмо до ОБСЕ барајќи Организацијата за безбедност и соработка во Европа да одигра улога на медијатор за да се надмине длабоката политичка криза во земјата.
Според Мета, оваа институција е потребна и има моќ да спречи ескалација на кризата.
Албанскиот претседател исто така го нагласил фактот дека одлуката на Советот на Европа да отвори или не преговари за Албанија е блиску и додал дека слободни и фер избори би можеле да бидат клучни за надминување на политичката криза.
Претходно, денеска, Мета побара сите страни да преземаат одговорност за да се надминат кризата и хаотичната состојба во земјата.
Тој го повика албанскиот премиер Еди Рама да се откаже од притисоците и уцените, не го поштеди ни лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, а ни лидерката на Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади, порачувајќи им да не ѝ се закануваат на европската иднина на Албанија, туку да го прифатат 13 октомври како ден на избори и да им го вратат неопходниот мир на граѓаните.