Марко Ѓуриќ, директорот на српската канцеларија за КиМ денеска изјави дека Србите на Косово нема да отстапат од формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО) и покрај заканите кои ги праќаат одделни министри во Приштина, бидејќи на тоа имаат право.
– Србите на Косово нема да отстапат од ЗСО бидејќи тоа е наше право и нешто што е и меѓународно право. Бидејќи ЗСО со потписот на високата преставничка на ЕУ Кетрин Ештон стана дел од надворешната и безбедносна политика на ЕУ, а не само на Приштина“ – изјави Ѓуриќ за ТВ Пинк.
Министерот за инфраструктура на Косово, Паљ Љекај предупреди денеска дека членовите на Српската листа би можеле да бидат уапсени доколку еднострано формираат ЗСО.
Тоа предупредување е во пресрет на денешната заедничка седница во Косовска Митровица на пратениците на десетте српски општини и на српските пратеници од општините во кои Србите не се мнозинство, на која присуствува и Петар Петковиќ-помошникот на Ѓуриќ (кој е преставник на српската влада за Косово). Седницата има само една точка-разгледување на политичко-безбедоносната состојба во северно Косово, а на неа присуствуваат и преставници на ОБСЕ, КФОР и на косовската полиција.
Од Српската листа реагираа на заканите од Приштина.
Пратеникот во косовското Собрание Игор Симиќ изјави дека меѓународните преставници мораат да реагираат бидејќи е недопустиво да се праќаат закани кон легалните и легитимните преставници на Србите во Косово.
– Самостојното формирање на ЗСО за нас е изнуден чекор по пет години чекање на неговото спроведувањето како составен дел од Брселскиот договор – изјави косовскиот пратеник Симиќ.
Лидерот на Српската листа Горан Ракиќ во Белград изјави вчера дека српските преставници самостојно ќе ја формираат ЗСО на 20 април, на петгодишнината од потпишувањето на Бриселскиот договор. На тоа реагираше претседтелот на Косово, Хашим Тачи кој тоа го оцени како „провокација на Белград“ истиот ден кога Приштина почнала да работи на формирањето на работна група, која во соработка со ОБСЕ ќе работи на нацрт Статутот на ЗСО. Тој додаде дека со „провокација се потврдува со одлуката за излегувањето на Српска листа од косовската Влада“.