Воената вежба на КФОР на Косово, која требаше да почне денеска и да трае до петок, е одложена поради лошото време.
– КФОР планираше вежби низ Косово, но ги одложи поради временските прилики – изјави портпаролот на КФОР, Винченцо Грасо.
Претходно, неименуван извор за „Косова прес“ изјави дека „КФОР ќе има вежба и ќе воспостави трупи на цела територија на Косово, кои ќе се движат низ цело Косово. Војниците на КФОР се обучени да бидат подготвени за брзо распоредување ако е загрозена безбедноста и слободата на движење“.