Литванија ќе ја блокира Србија за отворањето на поглавјето 31 во преговорите, поглавје кое се однесува на надворешната политика, изјави српската министерка за европска интеграција, Јадранка Јоксимовиќ во интервју за „Вечерње новости“.
За Литванија проблематично е одбивањето на Србија да воведе санкции против Русија, согласно одлуката на ЕУ по анкесијата на Крим и војната во Украина.
Министерката не посочи дали други земји ја поддржуваат одлуката на Литванија.
Таа додаде дека иако обично поглавјето 31 не е тешко поглавје, меѓународните односи стануваат сė покомплексни, а од земјите кандидатки се очекува да ја усогласат својата надворешна политика со таа на ЕУ, не само кон Русија, туку и сите други земји.