Европска унија(ЕУ) ќе биде комплетна дури кога државите од Западен Балкан ќе бидат членки на Унијата, изјави денеска австрискиот канцелар Себастијан Курц на Конференцијата „Балканот и ЕУ – Петогодишен циклус на Берлинскиот процес“ што се одржува во Будва.
Тој наведе дека интеграцијата функционира единствено преку соработка во политиката и економијата.
– Долгорочна стабилност и безбедност за регионот и за ЕУ можат да бидат обезбедени само ако овој регион биде дел од Унијата… тоа не се соништа, туку сме на добар пат – посочи Курц.
Тој додаде дека мигрантската криза покажа дека Балканот одлучува за цела ЕУ.
– ЕУ перспективата за Западен Балкан изгледа подобро од кога било… Земјите од регионот се на добар пат кон ЕУ – истакна Курц.