Претседателот на Косово Хашим Тачи со предлогот за корекција на границите со Србија го загрозува Косово, а тоа го прави само затоа што неговата власт е загрозена, оцени Албин Курти од косовското опозициско движење „Самоопределување“.
Тој во изјава за денешното издание на виенски „Стандард“ најави поднесување на резолуција во косовското Собрание против размена на територии меѓу Косово и Србија.