Косово
Владата на премиерот Албин Курти не го преживеа гласањето за доверба во косовскиот парламент, која беше иницирана од коалицискиот партнер, Демократскиот сојуз на Косово. По повеќе од 11 часа дискусија, за недоверба гласаа 82 пратеника, 32 беа „против“, а еден беше воздржан.
Барањето за разрешување на Курти беше поради две прашања. Првата е што лидерот на Самоопределување и премиер се противеше да ја укине високата царина за увоз на производи од Србија и БиХ, што влијаеше на нарушување на односите со САД и Косово. Втората причина е отстранувањето на Агим Велиу од ДСК од функцијата министер за внатрешни работи по спорт за тоа дали да се прогласи вонредна состојба за борба против коронавирусот. Велиу ги поддржа повиците на косовскиот претседател Хaшим Тачи за вонредна состојба. Курти пред гласањето за да биде сменет оцени дека причината за разрешувањето на Владата е да се отстрани тој, бидејќи не дозволува косовскиот претседател Хашим Тачи и неговиот српски колега Александар Вучиќ да разменат територии, како дел од конечниот договор меѓу Приштина и Белград.
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, веднаш по неговото „отповикување“, го разреши од должноста првиот потпретседател на Владата Авдулах Хоти Курти, кој на премиерската функција се задржа 50 дена.