Турски суд денеска го осуди пратеникот во Собранието на Турција од редовите на курдската Народна демократска партија (ХДП), Абдулах Зејдан, на осум години затвор, под обвинение за тероризам.
Судот за тешки кривични дела во Дијарбекир го прогласи Зејдан за виновен по обвиненителниот акт за „помагање на терористичка организација на која не е член“, како и за „ширење на терористичка пропаганда“.
Турските власти ја обвинуваат ХДП дека е поврзана со Курдската работничка партија (ПКК), која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ.