Со 89 гласови „за“ и еден „против“, Собранието на Косово донесе одлука за распуштање на шестото свикување на косовскиот парламент.
Претходно, со 103 гласа „за“ на Собранието беше донесен Закон за ратификација на договорот ИПА 2018 со Европската Унија во висина од повеќе од 90 милиони евра.
Немаше расправа за распуштање на косовското собрание, туку за иницијативата на шефот на пратеничката група Демократска партија на Косово, Мемљи Красниќи, се изјаснија шефовите на парламентарните групи.
По денешната одлука на Собранието, претседателот на Косово има уставен рок од десет дена да закаже вонредни и предвремени парламентарни избори.
Весникот „Коха нет“ денес објави дека изборите се закажани за 6 октомври.