Во Косово до 15 часот излегле на гласање 29,24 проценти од избирачите, објави косовската Централна изборна комисија.
        
Најголем одѕив има во од северно Косово во општините Зубин Поток и Звечан, потоа во Лепосавиќ, а најмалку гласачи излегле на гласање во Северна Митровица, јавува РТК на српски јазик.
        
Излезноста во Штрпце е 42,64 проценти, во Грачаница 34,25 отсто, во Ранилуг 35,75 проценти, Клокот 33,67 и во Партеш 31,85 проценти.