Косовската Влада денеска донесе одлука со која со воведува такса од 100 отсто на увозот на стоки од странски компании кои имаат свои производни погони во Србија.
Претходно, минатиот месец, Владата на Рамуш Харадинај, воведе такса од 100 отсто на производи од Србија, но таа мерка не важеше за странските брендови кои се увезуваат од тие земји.
Со новата мерка сите стоки кои ќе се увезуваат од Србија ќе треба да платат такса во висина од 100 отсто од нивната вредност. Како што беше претходно објавено, во овој случај станува збор за девет странски компании, меѓу кои и „Кока-кола“.
Харадинај посочи дека таквото однесување на Белград за Косово е неприфатливо и дека таксата ќе остане на сила се до признавањето на Република Косово од страна на Србија.