Владата во Приштина денеска одобри нови мерки против коронавирусот, кои вклучуваат полициски час, затворање на угостителските објекти и онлајн-настава.
Забраната за движење на граѓаните ќе важи од 22 часот навечер до 5 часот наутро, освен во итни случаи.
Угостителските објекти се должни да ја прекинат работата од 7 до 18 април и дозволена ќе биде само достава на храна, пренесува „Косово онлајн“.
Носењето маска е задолжително во сите случаи, освен возење во автомобил со блиски членови на семејството, трчање или возење велосипед.
Забрането е собирање повеќе од четири лица од исто семејство.