Судот на Босна и Херцеговина го осуди поранешниот командант на босанската армија, Енвер Буза на осум години затвор за убиство на 27 хрватски цивили во северниот град Уздол.
Конечната пресуда ја намали казната од 12 години затвор, која претходно ја утврди долниот суд, пренесува порталот Бирн, кој ја следи обработката на воените злосторства.
Според хрватската страна, во Уздол во општината Јабланица на 14 септември 1993 година, припадници на армијата на БиХ убиле 41 хрватски цивили и војници.